Гвардиола: Манчестер Јунајтед е многу сличен на Реал Мадрид

17 мај, 20110
13_GUARDIOLA

Пеп Гвардиола, тренерот на фудбалерите на Барселона, ја спореди силата на Манчестер Јунајтед, противникот на каталонскиот гигант во финалето од Лигата на Шампионите, со онаа на Реал Мадрид, кој Барселона го елиминираше во двата полуфинални меча.

“Манчестер Јуанјтед е особено силен тим, особен сличен со Реал Мадрид. Се работи за тим кој напорно работи на теренот. Особено ќе внимаваме на нивните контранапади од кои лесно постигнуваат гол, бидејќи имаат многу брзи играчи.” – рекол Гвардиола, алудирајќи притоа на Нани, Валенсија и Хернандез.

Гвардиола ја минува својата трета сезона на клупата на Барселона. Во сите три ја освои титулата во шпанското првенство, а пред две години тимот под негово водство го победи Манчестер Јунајтед во финалето од Лигата на Шампионите во Рим со 2-0. Новиот дуел на истите великани во финалето од ЛШ ќе се случи на 28. мај на “Вембли”.

“Мора да внимаваме за начинот на кој ќе се подготвуваме за тој натпревар. Јасно е дека ќе водиме сметка за начинот на кој тие ќе играат, но ние ќе мора да го разџвиваме нашиот стил на игра” – рекол Гвардиола.

Извор: Спортнет

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi