Хакери нападнале интернет страна на НАТО

popara24 јуни, 20111min00
resizer1w copy
Интернет страната која ги објавува службените соопштенија на НАТО, но која не содржи “чувствителни информации“ најверојатно била жртва на информатички напад, објавила Алијансата, која борбата против информатички напади ја прогласи за еден од своите приоритети.
“Полициските служби задолжени за информатички злочини го известиле дека НАТО дека една од страните на Алијансата била нападната, а таа страна ја одржува една надворешна компанија“, стои во соопштение на Алијансата.
Нападнатата страна е “е-букшоп“ на НАТО “наменета за јавност“ и овозможува пристап до соопштенија и слични објави на Алијансата. Во соопштението се истакнува дека на страната “не се наоѓаат тајни и доверливи документи“.
Пристапот на страницата е “блокиран, а претплатниците се известени“.
Новиот “стратешки концепт“ на НАТО одобрен во ноември минатата година, повикува на одбрана од информатички напади и таа борба се смета за приоритет.
Експертот од НАТО Лук Дандуранд на седми јуни на конференција во Талин истакнал дека Алијансата сака да го зголеми тоа подрачје на одбрана стравувајќи од “црвена сајбер група“, која би требало да придонесе во развој на одбраната од информатички напади.
Извор: Нетпрес
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag