Се разбудила на сопствениот погреб па умрела од срцев удар
24 јуни, 20110

Четириесет и девет годишната Русинка Фагили Мукхаметцианов се разбудила на сопствениот погреб и од преголем шок починала од срцев удар.
Ожалостените роднини стоеле покрај мртвото тело на Фагили кога во еден момент таа се разбудила и почнала да вреска кога сфатила што се случува.
Шокираниот сопруг, раскажувал како лекарите погрешно ја прогласиле за мртва откако во сопствениот дом се онесвестила од болка во градите.
Но, вистинскиот срцев удар настапил откако ја прогласиле за мртва на нејзиниот погреб.
“Веднаш ја одведовме во болница, но живееше само 12 минути. Многу сме лути и затоа бараме одговор. Не била мртва кога рекле дека не можеле да ја спасат“, рекол 51-годишниот сопруг на Фагили.
Од тамошната болница рекле дека ќе покренат истрага за случајот.
Извор: Нетпрес