Обама ги продолжи вонредните мерки за Македонија и Западен Балкан

24 јуни, 20110
Barack Obama
Претседателот на САД, Барак Обама ја продолжи состојбата на вонредни мерки за уште една година за Македонија и за другите земји од Западен Балкан, јавува Радио Слободна Европа.
Во соопштението на Белата Куќа се вели дека актот е донесен поради заканите врз националната безбедност и надворешно политичките интереси на САД.
Тие закани доаѓаат од лица вклучени во помагање и подршка на екстремно насилство во Република Македонија како и на Балканот и ја опструираат примената на Охридскиот Мировен договор, на Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина и Резолуцијата 1244 на Косово.
Поради акциите на тие лица кои се закана за мирот и меѓународните напори за стабилизрање на состојбите на Балканот, американскиот претседател, Обама ја продолжи состојбата на вонредни мерки донесени на 26 јуни 2001 година.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi