Хали Бери во рок од три дена два пати ја повикала полицијата во својот дом. Таа при секое јавување пријавувала натрапник во својата куќа. Полицијата при последниот повик на имотот на Хали Бери пристигнала со три автомобили и еден хеликоптер, но не успеале да го пронајдат натрапникот.
Хали Бери го гледала човекот веќе три дена како кружи околу нејзината куќа. Не е потврдено дали станува збор за папарацо кој сака да направи инетресни фотографии од Хали Бери, или пак станува збор за некој кој сака да и наштети.