Хаос на свечената вечера на Вест Хем

17 мај, 20110
316289-demba-ba

Традиционалната свечена вечера на играчите и навивачите на Вест Хем, одржана по повод завршување на сезоната, завршила неславно, како и настапите на англискиот клуб во Премиер лигата.

Имено, еден навивач побарал автограм од Дембе Ба, но овој одбил да се потпише. Навивачот потоа кренал врева викајќи дека платил 60 илјади фунти за место во ложата на стадионот и дека има право на автограм. Потоа паднале навреди на расна основа за црномурестиот напаѓач па дошло до подбутнување и превртување столови и кршење прибор од вечерата.

“Ба беше подготвен да го удри навивачот, но Дени Гибсон успеа да го запре. Настана хаос и мораше да интервенира полицијата.Сопствениците на клубот, Голд и Саливен не можеле да веруваат што се случува.” – рекол еден од очевидците.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi