Претставници на американскиот писател Адриан Џејкобс, кој почина во 1997 година, поднесоа тужба против американската авторка на серијата книги за Хари Потер, Џоан Ролинг, тврдејќи дека Џејкобс е “позајмен” во некои делови во книгата “Хари Потер и огнениот пехар”, но судот ги отфрли американските обвинувањата како неосновани. Претставниците на Џејкобс тврдат дека делови од книгата “Хари Потер и огнениот пехар” всушност се плагијат на книгата “Авантурите на волшебникот Вили” напишана во 1987 година, во оние делови во кои се зборува за натпреварот на волшебниците, како и волшебници кои патуваат со воз. Сепак одлуката на судот е дека Хари Потер не е ничиј плагијат. Првата книга за Хари Потер е објавена во 1997 година, и досега има продадено над 400 милиони примероци во светот.