Хавана е главен град на Куба кој со своите 2,5 милиони жители е најголем град во Куба и на Карибите. Хавана се наоѓа на околу 160 km југозападно од Ки Вест на Флорида Киз. Градот Хавана (официјално: “Ciudad de la Habana“) е еден од четиринаесетте провинции на Куба.
Хавана се наоѓа на брегот на Флоридскиот Проток. На островот Куба, овој град е сместен на северозапад и е опкружен од провинцијата Хавана на југ, исток и запад.
Конквистадорот Диего Велазкез де Куељар ја основал Хавана во 1515 година, на јужниот брег на островот, блиску до денешниот град Сиргидеро де Батабано. Градот Хавана бил преселен на сегашната локација (тогаш позната како Карењас) во 1519 година.
Хавана била првобитно трговско пристаниште, а постанала главен град на шпанската колонија Куба во 1607 година, како и главно пристаниште на шпанските колонии во Новиот Свет.