Херманова диета

popara13 јуни, 20111min00
1naslovnadieta3

Оваа диета ја направил доктор Херман Тарновер, кардиолог од Америка. Погодна е за оние кои сакаат брзо да постигнат ефект на слабеење, а не сакаат да се качуваат на вагата.

Позитивни страни на оваа диета се тоа што не треба да размислувате за менито, трае кратко, брзо се губат килограмите, добра е за детоксификација и чистење на организмот. Лоша страна е тоа што оброците не смеат да се менуваат, има мал внес на калциум и белковини што може да предизвика слабеење на муксулите.

Појадокот секогаш е половина грејпфрут, што одлично ги топи маснотиите. При држење на оваа диета дозволени пијалоци се кафе без кофеин, чај и вода. Диетата се држи две недели, а ќе изгубите 15 килограми.

1. ден

Појадок: кафе, чај без шеќер и пола грејпфрут

Ручек: пилешко или риба во неограничени количини, салата од домати. Кафе или чај без шеќер.

Вечера: печена или варена риба со домат и зелена салата, а за десерт диња.

2. ден

Појадок: кафе, чај без шеќер и пола грејпфрут

Ручек: овошна салата и кафе или чај

Вечера: плескавица на скара, варен зеленчук во неограничени количини.

3. ден

Појадок: кафе, чај без шеќер и пола грејпфрут

Ручек: салата од туна и свеж зеленчук во неограничени колкичини, за десерт диња

Вечера: свински котлети и мешана салата во неограничена количина

4. ден

Појадок: кафе, чај без шеќер и пола грејпфрут

Ручек: две јајца, свежо сирење, едно парче интегрален леб, зелена салата или салата од домати и кафе или чај

Вечера: пилешко на жар или варено, спанаќ или салата од пиперки и кафе

5. ден

Појадок: кафе, чај без шеќер и пола грејпфрут

Ручек: едно парче тврдо сирење и спанаќ во неограничени количини и интегрален двопек

Вечера: печена риба, варен зеленчук или зелена салата, десерт диња

6. ден

Појадок: кафе, чај без шеќер и пола грејпфрут

Ручек: овошна салата и кафе

Вечера: печено пилешко, домат и зелена салата, за десерт диња

7. ден

Појадок: кафе, чај без шеќер и пола грејпфрут

Ручек: пилешко, домат, морков, варена зелка, брокула или карфиол во неограничени количини

Вечера: немасно говедско или телешко, мешана салата, се во неограничени количини и кафе.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag