Хидроцентрала Ранц

popara6 август, 20111min00
800px-Barrage_de_la_Rance

Електрична енергија од морето

Исконска е желбата на луѓето да ја искористат плимата и осеката за создавање на енергија која бесплатно ќе се искористи за создавање на струја. Уште пред 500 години, постоеле механизми кои ја искористувале плимата и осеката на водата. Еден од нив е водената мелница Сен-Силак, која што до ден денешен може и да се види. Изграден е недалеку од Сен-Мало на реката Ранц, па инженерите на првата хидроцентрала со гордоста го покажуваат својот претходник што се наоѓа во непосредна близина.

Сосема случајно, триесет годишниот инженер Robert Gibrat, во 1940 година со дозвола добиена од страна на министерството за енергетика во Франција, дојде до одамна заборавените нацрти за една хидроцентрала која би функционирала со помош на плимата и осеката. Gibart проектирал брана, која што затворала еден залив или морски ракав. Турбината морала за време на плимата да влегува во водената маса и да ја претвара во електрична енергија, а за време на осеката да излегува од водената маса. После долго истражување младиот инженер одлучил тоа да го реализира на реката Ранц, бидејќи таму постоеле идеални услови. Некои 10 km пред влевањето на реката Ранс во морскиот ракав, заливот бил широк 1.000 m. Тоа можело да се искористи како акумулационо езеро, а непосредно пред Сен-Мало, би се затворил еден насип. Висинската разлика во текот на плимата и осеката изнесувала 13 m, повеќе отколку каде било на друго место во светот. При поволни услови, реката Ранц за време на плима добивала околу 19.000 кубни метри вода во секунда.

Gibart основал приватен истражувачки тим, кој требало да ја реализира неговата замисла. После тоа, истото друштво продолжило да работи во компанијата “Elektrisite de Frans”. Jules Verne, писател на многубројни научно-утопистички романи, би бил пресреќен доколку ги знаел обидите кои тогаш следеле: во едно пристаниште во Сен Серван, била изградена постројка според имагинарниот модел на Vern. Притоа, се утврдило дека нема да има проблеми доколку се постави хидроцентрала во речното корито које е постојано под вода. Во 1961 година, започнале активностите на реката Ранс. Во текот на изградбата, било одлучено во средината на речното корито, кое токму на тоа место било широко 750 m, да се постават два насипи. Валјаци од челичен армиран бетон, високи од 20 до 25 m и во пресек од 9 m, биле поставени на дното на реката, а средишниот дел се издигнувал до 14 m. Празните делови подоцна биле полнети со илјадници тони песок. Откако, биле пополнети празните делови, со овие насипи се добило елипсовидно корито, од кое со пумпи можело да се ослободи вода.

Во тоа корито е сместена хидроцентралата. Односно, бетонска празна брана, во која биле сместени 24 турбини, агрегати. Турбините работеле за време на полнењето на акумулационото корито (плима), како и за време на празнењето (осека). Во случај при слабо оптеретување, вода можело да се црпи и од морето во коритото. Агрегатите годишно создаваат околу 540 милиони киловат часови. Прва хидорцентрала која работи врз основа на принципот на плима и осека.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma