Хипнозата го забрзува лекувањето

16 јуни, 20110
hypnosis

Хипнотизирање на жените после операција на рак на дојка, го забрзува нивното опоравување и ги намалува шансите за враќање на болеста, според студија на Универзит во Брисел. Истражувачите тврдат дека комбинација на хипноза и локални анестетици овозможува побрзо напуштање на болницата, а исто така и подобро расположение на пациентот, објавува Daily Mail. Сепак, техниката се препорачува само за пациенти кои се навистина мотивирани.

Со намалувањето на користење на лекови и времето поминато во болница, избегнување анестезија кај операција на рак на дојка е важно затоа што локалната анестезија  предизвикува стрес, а со тоа ќе се намали можноста од ширење на ракот – вели водечкиот истражувач Фабиен Ролантс.

За да може да се примени хипнозата , пациентите мора да бидат мотивирани, спремни да соработуваат и да имаат доверба во своите лекари. Овој начин на лечење може да се примени и кај операција на колена, кила, очи, уши, грло и нос, како и кај пластична хирургија.

Постојат посебни мерки на претпазливост кои треба да се превземат, па така само хипнотизерите треба да разговараат со болниот во текот на постапката, а треба да се избагнуваат и било какви нагли постапки кои може да му наштетат на пациентот, изјавува авторот на студијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *