Хит бои за ова лето

popara9 јуни, 20111min00
fashion-2011-89890

Боите се секаде околу нас, не опкружуваат и ни го разубавуваат нашиот живот. Постојат тонови кои не сируваат, тонови кои не предизвикуваат никакви емоции, но сепак е интересни на свој начин. Но ова лето во мода се весели и силни бои кои ќе направат да се чуствувате одлично.

Потрокалова – Ова е највозбудлива боја оваа сезона, бидејќи внесува енергија во вашиот стил. Многу дизајнери ја искористија портокаловата боја во своите колекции.

Бела – Оваа боја се наоѓа скоро во секоја колекција. Модерни белите фустани, кратките и долги бели здолништа и пантолони во различни варијации.

Темно виолетова и силно розова – Овие две бои се најголем хит во летната сезона и никој неможе да им одолее.

Светло сива – Можеби оваа боја ви изгледа досадна, но таа е одлична во комбинација со останатите бои. Можете да ја искомбинирате само сивата и да бидете во еден тон со некои модни додатоци или искомбинирајте ја со различни бои на аксесоари.

Црна – Секоја година црната боја е во мода и не верувам дека некогаш ќе излезе од мода. Црната е елегантна и не прави потенки, а тоа е она што ние најмногу го сакаме.

Темно сина – Одлична е во комбинација со останатите бои и одлично одговара со сите парчиња гардероба, од панталони, кошули, јакни и палта.

Маслинесто зелена – Ја сакате оваа боја или не, таа е во тренд ова лето. Одлично се вклопува со кафена или крем боја. Поиграјте си со оваа боја и ке игледате ултра модерно оваа сезона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag