Германија предлага нов план за Грција

9 јуни, 20110
GreekGermanFlagSmall
Германскиот министер за финансии Волфган Шојбле ја разгледува можноста за создавање нов пакет помош за Грција во која дел од одговорноста ќе ја преземе приватниот сектор. Меѓутоа новата иницијатива наидува на остри критики, пишува “Дојче Веле“, пренесува НетПрес.
Германското ангажирање во спасување на грчката економија доаѓа до критична точка. На состанокот со челници на Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон, германскиот министер за финансии соопштил дека економската ситуација во Грција се влошува. И покрај европската помош, ситуацијата во Грција и понатаму е критична.
Шобје по состанокот во Вашингтон составил план за спасување кој ќе го претстави на своите европски колеги. Во планот се укажува на неопходноста, покрај Германија и Европската унија, да се вклучат и приватни доверители. Шефот на пратеничката група на либералите во Бундестагот Рајнер Бридерле смета дека иницијативата на Шобје е соодветна.
“Учеството на приватниот сектор е исправен пристап. Секако, тоа зависи од концептот, но оние кои купувале обврзници мора да преземат врз себе ризик, а не до крајот да ги оптоваруваат граѓаните“, рекол Бридерле.
Но, и понатамошното ангажирање на Германија во грчката криза носи големи ризици за Германците, сметаат критичарите за новите мерки за спасување. Дополнителен одлив на средства во Грција може да предизвика раст на невработеноста во Германија како и економски пад. Решението кое би можело да ја стабилизира Грција е излезот на Атина од евро зоната.
“Како прво Грција мора доброволно да се збогува со еврото. Со обезвреднување на својата валута би можела да ја направи својата економија способна за извоз. Мислам дека тогаш и еврото ќе има повеќе шанси за преживување. Во спротивно, еврото ќе порасне во долгови на југот на континентот ќе ја преплави цела Европа“, рекол Франк Шефлер од германската либерална партија.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma