Изданието на Плејбој во кое позирала проблематичната американска актерка и модел Линдзи Лохан руши рекорди на продажба, тврди Хју Хефнер.
Лохан позирала за февруарското издание за Плејбој, кое е пуштено во продажба многу порано, бидејќи се појавиле фотографии на интернет.
Хефнер ги негирал шпекулациите дека порано објавените фотографии негативно влијаеле на продажбата на Плејбој и на Твитер објавил дека продажбата руши рекорди.
Списанието е речиси целосно распродадено, а некои купуваат повеќе примероци.
Хефнер минатата недела изјавил дека позирањето на Линдзи Лохан во Плејбој е всушност неговата идеја. Инспирацијата ја пронашол во Мерлин Монро.