Силиконските гради и избелената коса се заштитен знак на Холи Медисон , која во вообичаено секси издание се појави на забава во Лас Вегас. Поранешната Плејбој зајачица и поранешната девојка на Хју Хефнер позирала на фотографите во краток фустан преку кој ги истакнала своите силиконски гради и не ја тргнала насмевката од лицето. Русокосата го привлекла вниманието на сите љубители на силикони.
Еден американски бизнисмен неодамна на забава платил 30 илјади долари за да го сместат на маса до Холи, но не се знае дали му се исполнила желбата да се запознае со Холи.