Храна која дебелее и дефинитивно треба да ја одбегнувате!

4 август, 20110
przena hrana

Путер

Путерот, сирењето и намази со слични состојки влијаат на зголемување на тежината, особено кога се комбинираат со леб. Сепак, дел од млечните производи спаѓаат во диетална храна, како на пример јогуртот.

Индустриски сокови

Производителите можат до утре да ги набројуваат придобивките од нивните сокови, но ако не е пред вас исцеден од свежо набрани портокали, сметајте дека тие сокови се полни со адитиви, скриени шеќери и нездрави состојки. Посебна категорија со уште полоши ефекти се газираните сокови.

Пржена храна

Лигњи, пилешко и сè за што е потребна фритеза, односно голема количина масло, ги убиваат вашите крвни садови и се таложат во масни наслаги.

Компири

Нема да направат од вас човек со прекумерна тежина, но неопходно е да се консумираат во умерени количини. И што помалку во облик на пржена храна и пире, кое се прави со масло и путер.

Конзервирана храна

Брзо се подготвува и потоа нема куп садови за миење. Но конзервансите кои и овозможуваат со месеци да стои како свежа храна не се добри за варењето, ниту пак за вашето здравје. Во оваа група спаѓаат и грицките како чипс, кој се прави од “лошите“ компири.

Житарици

Не сите житарици, туку оние што сите сакаме да ги јадеме за појадок. Кога ќе ја отворите кутијата, таму има подеднаква количина на здрави житарици кои се комбинираат со парчиња чоколадо, мед и зашеќерени грицки. Бидете внимателни при купување!

Колачи од ориз

Навистина, содржат занемарливо количество на калории, немаат маснотии, но истовремено во нив нема воопшто влакна и белковини, поради што само останувате гладни. Неколку колачи со ориз ќе ве заситат, но само на кратко.

Салати

Да, и салатите. Оние кои ги прелевате со преливи од мајонез, ги налевате со многу масло, пармезан, сирење или ореви…

Слатки

Шеќерот на крај. Бонбони, торти, чоколада, крофни. Само шеќер и јаглени хидрати. Сладоледот – исто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *