Храна која ве прави посреќни

popara3 јули, 20111min00
photolibrary_rm_photo_of_dark_chocolate

Јадењето претставува задоволство за секој човек, но повеќе од 80% од луѓето уживаат во храна која е штетна за нивното здравје. Затоа решивме да ви претставиме прехрамбени продукти кои, покрај тоа што се здрави за вашето тело, според најновите истражувања ќе ве направат посреќни.

Млеко: Млекото е богато со калциум и витамин Д и е здраво за нашите коски. Според најновите истражувања, млекото природно влијае врз подобрување на расположението, па често на луѓето кои се депресивни им се препорачува да пијат најмалку две чаши млеко на ден.

Спанаќ: Спанаќот, освен што ќе не направи силни како Попај, содржи состојки кои служат како лек против болка или други симптоми. Не е ни чудо што спанаќот, освен тоа што е богат со железо и не прави посилни, многу често може да не и направи посреќни.

Лосос: Омега 3 киселините кои ги содржи овој вид на риба се навистина добри за нашето здравје. Со редовното конзумирање на лосос, 2 до 3 пати неделно, значително ја намалуваме шансата да се разболиме од многу болести и го зајакнуваме нашиот имунитет, а тоа не прави да се чувствуваме посреќни.

Житарици од цело зрно: Иако житариците изобилуваат со јаглехидрати, сепак житариците од цело зрно влијаат позитивно на дигестивниот систем. Доколку ги замениме обичните тестенини, лебот и житариците со тестенини, леб и житарици од цело зрно, не само што ќе изгубиме килограми, туку нема да се чувствуваме надуени и ќе бидеме посреќни.

Сончоглед: Како извор на протеини и влакна, важно е во нашиот начин на исхрана да вметнеме и разни семиња. Најдобар избор би биле семките од сончоглед бидејќи тие изобилуваат со селениум, за кој се верува дека во истиот момент кога го конзумираме не прави да се чувствуваме посреќно.

Темно чоколадо: Знам дека нема потреба да ве охрабруваме да јадете чоколадо, но важно е да се знае дека чоколадото треба да се одбира внимателно. Темното чоколадо, како секое чоколадо, во себе содржи анадамин, состојка која влијае врз нашиот мозок и моментално го подобрува нашето расположение, а шеќерот влијае на зголемување на нивото на ендорфин (хормон на среќа) во крвта. Но за разлика од другите чоколади, темното чоколадо содржи многу малку заситени масти и преработен шеќер, па затоа е значително поздраво.

По изнесените факти, ви препорачуваме да го испробате нашиот совет и се надеваме дека оваа здрава храна навистина ќе го подобри вашето расположение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag