Хрватите не се Словени, Дарвин погрешил :) Дошле веројатно од Занзибар! :)

20 октомври, 20110
14118185484e9e9d374bc90416098046_orig

Хрватите не потекнуваат од Персија, многу  малку се Словени и значително се разликуваат од источните соседи, Србите, Црногорците, Грците, АЛбанците, кои имаат повеќе азиски, хунски и татарски гени, изјавил на претставувањето на својата нова книга „Генетичко потекло на Хрватите“, д-р. Иван Јуриќ, професор на Загребскиот Универзитет.

Овој познат застапник на т.н. илириска теорија, тврди дека митската претстава за доаѓањето на Хрватите на море во седмиот век е погрешна, бидејќи меѓу нивните гени највеќе има од оние кои покажуваат дека ти се автономни староседелци, кои живеат на овие простори повеќе од десетици илјади години, уште од времето на палеолитот, односно старата камена доба.

Професорот Јуриќ се заинтересирал за хромозомот Y и генетиката откако открил дека тој наследил далтонизам, а изјавил дека многу се изненадил кога зпочнал да го истражува генетското потекло на хрватите кои може да се прочитаат од тој хромозом.

„Ја прифатив теоријата која беше воспоставена во 1984 година, и длабоко верував дека имаме неолитско потекло. Меѓутоа, се покажа дека народите од неолитското потекло живеат источно од нас, Срби, АЛбанци, Грци. Тие гени албанците ги имаат околу 60%, црногорците 50-60%, србите 33%, а ние хрватите 15%“, изјавил тој и додал дека кај хрватите доминираат староседелски палеолитски гени.

„Дојдов до заклучок дека нашиот јадрански брег одиграла клучна улога во тоа и дека во мезолитот, кај нас населението било толку добро организирано, што не прави прв народ од кој  се родила неолитската револуција (почеток на одгледување житни култури и земјоделство). Од исто такво палеолитско потекло се и народите северно од Хрватска, додека источно живее неолитско население. Разликата меѓу нас и србите е огромна“, изјавил професорот.

До своите резултати Јуриќ дошол врз основа на 188 примероци од Хрватска и БИХ кои ги испратил на анализа во САД. Па така професорот наведува дека меѓу хрватите и другите словенски народи има големи разлики.

Хрватите се ставени во ист кош со Србите, поради политика

Д-р Јуриќ изјавил дека врз основа на неговите анализи, заклучил дека хрватите се староседелци, но со тие резултати  никако не му било јасно како може во тој случај генетските податоци да не се сопфаќаат со археолошките и историските.

„На пример во Англија и Франција, генетските резултати не донеле промени во размислувањето. Но, кај нас да. Донесов одлука дека ќе се обидам да соберам и археолошки податоци и историски, за да видам дали тие ќе ги потврдат генетските резултати“, изјавил Јуриќ.

Сите овие студии го навеле професорот до заклучок, дека хрватите се староседелци и во континуитет на сите подрачја имало докази дека тие се доселувале. Според него истото го тврделе и хрватски историчари, но нивните наоди на друг начин биле толкувани.

„Дојдов до заклучок дека синтезите биле различни, бидејќи настанале под влијание на политиката (т.н. јужнословенски идеи). Изворите на ареолозите и историчарите кои немале имале доволно влијание да ја направат синтезата, всушност не се во спротивност со генетските резултати“, објасник Јуриќ. Меѓутоа, во своето излагање тој не го објаснил проблемот со археолошките наоди од гробовите, словенските топоними со паганско потекло, официјални документи од папата.

Животниските видови  не ги создала еволуцијата, туку Бог

„Јас многу го ценев Дарвин. И сега ја имам неговата слика, бидејќи бил неверојатен набљудувач“, изјавил д-р Јариќ. Но, видов дека неговото толкување на еволуции не се точни.

Ние создаваме сорти и размножуваме разлилни видови, а интеркациите неможат да се наследат. Затоа природната селекција неможела да доведе до настанок на нови видови. Ако Дарвин денеска беше овде, ќе видеше дека ние создаваме сорти, со планирање и интеракција на гени, а не со природна селекција“, објаснил Јуриќ.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi