Новиот интерен документ со кој се истакнува кодексот на облекување на ХРТ повторно ги вознемири вработените во хрватската телевизија. Тие велат дека управата им забранила да носат накит и да ги лакираат ноктите, па дури и да носат високи потпетици!
Правилникот предвидува тоа дека мажите, особено на менаџерите, мора да носат сако или класични костуми и кошули во една боја. Жените, особено тие кои работат во информативната редакција, мора да носат чевли со потпетици но со умерена висина, должина здолништа или фустаните мора да бидат под колена, и ноктите можат да ги лакираат само во неутрални тонови.
Исто така, треба да се избегнуваат модни трендови во шминкање и фризирање, и се препорачува да носат класични, безвременски фризури.
Целата оваа ситуација настанала кога еден од шефовите на ХТВ се сретнал со група новинари на информативната програма кои биле облечени во кратки шорцеви и карирани кошули.