Рики Мартин најави дека ќе ја финансира изградбата на домови за незгрижените деца ширум цела Латинска Америка.
Фондацијата Рики Мартин, веќе гради центар за децата од Лоиза во неговиот Порторико, а тој најави дека ќе гради слични домови за деца во Мексико, Домениканска Република и во други држави.
Ова е само почеток, имам намера да изградам многу вакви центри каде ќе бидат згрижени децата, а воедно и ќе им биде овозможена едукација, изјавил Рики. Во првиот центар има спални соби, шест простории за едукација и просторија за одмор. Овој центар би требо да е завршен на почетокот од следната година.