И Барак сакал “Happy Birthday Mr. President”:)) Ама ја нема Мерлинка:)

popara6 август, 20111min00
t1larg.khamis.gadhafi.poh

Барак Обама на 5 август наполнил 50 години. Вечерта, ден пред неговиот роденден тој на гала вечера го прославил заедно со приврзаниците на Демократската партија во Чикаго. Џенифер Хадсон, која и претходно пеела за Обама, се качила на сцената и ја отпеала песната “Happy Birthday Mr. President”, во стил на познатата глумица Мерилин Монро. Таа  речиси пред 50 години, исто така му пеела на претседателот Џон Ф. Кенеди во Медисон Сквер Гарден. Тоа било едно од најпознатите појавувања на славната актерка, но исто така и едно од последните. Во август 1962 година Мерилин Монро почина од предозирање со таблети во својот дом во Лос Анџелес.
Обама и се заблагодарил на пејачката, и продолжил да се дружи со останатите членови на неговата партија, но и со други видни личности кои дошле со финансиски прилог за да ги поддржат демократите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma