Брус Вилис го сменил имиџот и пуштил на целосно избричената глава да му расте коса, поради што сега изгледа многу постаро. Покрај тоа што главата му е поприлично ќелава, остатокот од косата му е бела, а пуштил и брада која е бела како косата и му ги нагласува годините. Иако 56-годишниот актер е познат по својот добар изглед и одлична форма, овие знаци кои укажуваат на неговата старост не го загрижуваат воопшто.
Брус вчера попладне бил одлично расположен, додека својата 22 години помлада сопуга Ема Хеминг ја однел да го види нивниот нов дом, кој неодамна го купија во Беверли Хилс. Додека Ема делувала доста “кисло”, Брус неја тргнал насмевката од лице. Иако се чини дека неговата подобра половина не го дели неговиот ентузијазам, тоа на Брус очигледно воопшто не му пречи.