Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, изјавил на Твитер дека “САД се вистински паразит на светската економија”, повотрувајќи ги зборовите кажани во понеделникот од страна на неговиот “пријател”, рускиот премиер Владимир Путин.
“И јас се приклучувам на она што го изјави нашиот “пријател”, рускиот премиер Владимир Путин: “САД се вистински паразити на светската економија”, напишал Чавез.
Путин во понеделникот ги обвини САД дека се “паразити” на светската економија поради големото задолжување, велејќи дека земјата “живее на кредит надвор од нивните можности”, и дека дел од товарот (долгот) го префрлаат врз светската економија.”