Еден од најпознатите готвачи на денешницата е токму Џејми Оливер. Тој најпрво се прослави со своите кулинарски способности кои ги покажуваше во емисиите, а подоцна отвори и свој ресторан во Лондон. За кратко време Џејми стана популарен готвач кој го ангажираа многу познати ѕвезди. Тој беше главниот готвач на свадбата на Дејвид и Викторија Бекам.
Но, Џејми деновиве се соочува со голема неправда. На уличните протести во Лондон, кои уништуваат се пред себе настрада и ресторанот на Џејми. Сите стакла биле скршени и се било расфрлано по ресторанот.
“Мојот ресторан е тотално уништен. Целото стакло е скршено, и се е расфрлано по ресторанот. Среќа што персоналот беше навреме згрижен. Огорчен сум од она што се случува и мислам дека властите треба да превземат нешто за да го средат овој хаос”, вака им се обратил Џејми на своите фанови на Твитер.
Инаку осигурателната компанија сега ќе треба да му исплати повеќе милионска сума на Џејми за штетата во ресторанот.