Суртсеј

10 август, 20110
surtsey

Раѓање на еден остров

Ерупцијата на вулкани не е нешто невообичаено за жителите на Исланд. На “Огнениот остров “ има околу 150 вуклани, кои се активни уште од ледената доба. Во просек, во последните векови, на секои пет години се случува по една ерупција на вулкан.

Но, и покрај тоа, жителите на Исланд, се изненадиле кога на вести слушнале за најновата ерупција. Некој рибарски чамец, рано наутро на 14 ноември 1963 година, пловејќи по Атлантскиот Океан, 40 km јужно од Исланд, открил вулканска ерупција. Геолозите утврдиле дека морето на тоа место мора да е подлабоко од 130 m. Во текот на првиот ден, можело да се забележат само густи облаци на пареа и дим.

Вториот ден се појавил цел остров со опсег од 500 m и висина од 10 m над нивото на водата. Островот многу брзо се зголемувал. Третиот ден се забележувале облаци од дим над островот – кои биле високи околу 10 m – а, сето ова можело да се набљудува од 110 km оддалеченост. Новиот вулкан бил наречен Суртсеј, според најпознатиот џин од германската митологија.

Три пати во текот на првите четири месеци во годината, еруптирал вулканот. Во април 1964 година, се случила ерупција од пепел и камења. После кратката пауза вулканот повторно почнал да исфрла бела и црвена ужарена базалт лава. Во текот на една година, во водата се слеало повеќе од една милијарда кубни метри лава. Во април 1965 година, островот достигнал опсег од 3 km и 14 m висока стрмна обала.

Првите посетители на овој остров биле двајца француски репортери. Помеѓу две ерупции, овие двајца репортери храбро зачекориле на островот и го поставиле француското знаме. Инаку, фоките биле првите животни кои се населиле на островот, а подоцна со текот на времето се вгнездиле голем број на морски птици. Сите “гости“ избегале, откако 800 m источно од Суртсеј, се појавил нов остров. Неговиот вулкан, го покрил островот Суртсеј со 20 cm дебел слој на пепел. Но, пред луѓето да успеат да му дадат име на новиот остров, истиот потонал длабоко во океанот. Потоа, кон крајот на декември 1965 година, се појавил трет остров, кој во мај 1966 година достигнал опсег од 12 хектари.

Всушност, Исланд со својата површина од 103.106 m2 опстојува, благодарение на вулканите. Најстарите острови се стари некаде околу 60 милиони години. Големи делови од копното исчезнале во текот на последните милиони години. Речиси сите видови на вулкани ги има на Исланд.

Една катастрофа се случила последен пат во 1783 и 1784 година. Во текот на една ерупција, било покриено 560 km2 од земјата. Облаци на пепел стигнале се до Африка, 75% од добитокот умрел, а од глад умреле околу 9.000 луѓе.

Дури и во базалт подрачјата, каде што денес не постојат активни вулкани, сеуште се среќаваат гејзери кои повремено се активираат. Голем број на врели извори се контролираат и се искористуваат за загревање на градовите и на селата. Сепак, останува прашањето: на кое место ќе се активира следниот вулкан?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *