Мајмунчињата одвоени од нивните мајки растат „страдајќи од стрес, депресија и слаби друштевени способности“
- Промените предизвикани од овие промени можеби се перманентни
- Научниците веруваат нивните испитувања можат да помогнат во подобро разбирање на еквивалентното човеково искуство
Бебињата мајмунчиња одвоени од нивната мајка на раѓање растат со сиромашни друштвени способности и страдаат од долготрајни симптоми на анксиозност, според студија.
Промените предизвикани од овој ран стрес исто така вклучува депресија која може да биде перманентна. Научниците веруваат нивните испитувања можат да ни помогнат подобро да го разбереме еквивалентното човеково искуство.
Како луѓето? Rhesus macaque мајмуните одвоени од нивната мајка на раѓање растат со сиромашни друштвени способности и патат од долготрајни симптоми на анксиозност.
Како и да е, времетраењето на овие непосакувани ефекти претходно во голема мера беа непознати.
Водечкиот истражувач Xintian Hu и неговиот тим ги анализираа ефектите на одвојување од мајката кај rhesus macaques три години откако мајмунчињата беа одвоени од нивните мајки по нивното раѓање.
Во текот на тие години, мајмунчињата, во најголем случај растени заедно со врсници, живееле нормален социјален живот.
Споредено со мајмунчињата кои биле пораснати од нивните мајки, мајмунчињата пораснати со врсници покажувале пониско ниво на стрес хормонот кортисол, кој помага за справување со анксиозноста, кај косата на задната страна од вратот.
На тоа уште, после три години нормалното социјално живеење се покажа дека нема деструктивни последици од раката сепарација со мајката.
Мајмунчињата пораснати со врсници помалку се движеле и седеле заедно поретко.
Како и да е, тие се собирале околу нивните кафези, ги цицале сопствените прсти на рацете и нозете, и гушкале делови од сопственото тело многу почесто од мајмунчињата пораснати со нивните мајки.
Ова дава сугестии дека сепарацијата од мајката на раѓање може да доведе до анксиозно однесување кое се одолговлекува и до три годишна возраст.
Авторите на студијата сега веруваат дека macaques можеби се соодветни како експериментален модел за студија на ефектите од детските трауматични искуства меѓу луѓето.
Истражувањето е публикувано во журналот „Proceedings of the National Academy of Sciences“.