Од концерт во смрт! Тројца мртви!!

19 август, 20110
6a00d8341c630a53ef015390cd89b3970b-600wi

Најмалку три лица загинаа, а 71 беа повредени на музички фестивал во Белгија, каде силна бура срушила две бини, урнала неколку шатори и искорнала повеќе дрвја.

Локалните медиуми објавиле дека околу 60.000 лица, главно млади, се собрале на фестивалот “Pukelpop”, што се одржuva во Хаселт, источно од Брисел, и дека налетот на бурата треал околу 10 минути.

Според зборовите на одговорните луѓе, 11 лица биле потешко повредени.

На Фестивалот кој започнал денес, требало да настапи раперот Еминем, американскиот бенд “Фу фајтерс” и “Офспринг”. Одговорните лица подоцна ќе одлучат дали фестивалот, ќе продолжи, било изјавено од страна на организаторите.

Минатата година на овој музички фестивал пејачот Шарл Хадон и фронтменот на англиската електро-поп група “У Е Ле Свиминг Пул”, извршил самоубиство по завршување на концертот. Хадон по концертот на неговата група скокнал од бандера која се наоѓала зад сцената.

Само еден ден претходно од срцев удар, починал на Мајкл Бин, фронтмен на американскиот рок бенд “Кол.”

Пред четири дена, пет лица загинаа, а 45 биле повредени кога силен ветер срушил бина на концерт во Индијанаполис, Индијана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi