И Обама ќе го слави Илинден! На 2-ри август САД ќе банкротира?!!

23 јули, 20110
obama01_16773717

Американскиот претседател Барак Обама изјавил во петокот дека е сигурен дека Конгресот ќе постигне договор за да се спречи банкрот, кој може да произведе економска “апокалипса“.

“Никогаш не сме банкротирале поради наш долг, нема ни сега тоа да се случи“, рекол Обама, објаснувајќи ја потребата да се делува како резултат на скапите војни во Ирак и Авганистан, и дурги одлуки кои го зголемиле буџетскиот дефицит.

“Едноставно постојат повеќе долгови на американската кредитна картичка. Ниедна партија не е без вина за тие одлуки кои го предизвикале овој проблем, но сите партии имаат одговорност да ја решат оваа ситуација“, додавајќи дека секој американец ќе биде засегнат од овој проблем доколку не се реши на време.

Републиканците ги повикаа демократите на Обама на огромни буџетски намалувања на трошоците за да се смали растечкиот буџетски дефицит во замена за зголемување на лимитите за зајмување, но одбиле било какво зголемување на даноци за да се зголемат буџетските приходи.

Ако САД не ја подигне границата за долг, штета би претрпел секој американец, изјавил Обама.

Доколку лимитот за долг, кој сега изнесува 14,3 милијарди долари, не биде подигнат, до 2-ри август САД би можеле да дојдат до технички банкрот.

Вашингтон го достигна овој лимит на 16 мај и од тогаш користел трошковни и сметководствени прилагодувања, но тоа може да го прави само до 2-ри август.

Финансиските и бизнис лидери предупредија дека неуспехот на зголемување на границата за американскиот долг до тој рок, може да предизвика бран од потреси на целата светска економија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi