Компанијата Apple одобри апликација за I-phone и I-pad која е наменета за лечење на хомосексуалците.
Бесплатната апликација која е наречена “Exodus international” објаснува дека хомосексуалците се нормални луѓе на кои треба да им се даде шанса да се ослободат од хомосексуалноста преку моќта на Исус.
Овој програм е достапен во Велика Британија и доби четири од пет ѕвездички од страна на Apple, што значи дека нема непосакувана содржина.
Заради ова компанијата се најде под голем притисок од страна на геј активистите кои започнаа петиција за собирање на потписи против оваа апликација и засега собрале 35.000 потписи.