Јапонија го забрани извозот на зеленчук и млеко

22 март, 20110
japonijaizvoz

Јапонските власти го прекинаа извозот на спанаќ и останатиот зелен зеленчук кој се одгледувал на област зафатена од радијацијата. Власта ги загрижи јапонските земјоделци кои со години живеат од извозот на зеленчук, јавува Ројтерс, пренесува Нетпрес. Забраната стапила на сила вчера, а се однесува на зеленчукот кој се одгледува на област која е зафатена од радијацијата од нуклеарната централа Фукушима. Забраната се однесува и на млекото од фармите недалеку од Фукушима, Земјоделците се загрижени дека одлуката на владата за забрана на извозот на зелениот зеленчук ќе ги поттикне граѓаните да не купуваат ниту еден вид на зеленчук. “Иако владата вели дека радијацијата не го загрози останатиот зеленчук, нам ни е јасно дека луѓето се загрижени за своето здравје“, изјавил еден од земјоделците. Јапонското министерство за здравство тврди дека забраната за извозот на зеленчук е воведена поради сигурносни мерки, но на земјоделците тоа не им е утеха. “Ако забраната продолжи, ние нема да имаме од што да живееме“, велат земјоделците.
Продавачите на зеленчук велат дека фрлиле околу 100 кутии спанаќ кој бил пуштен во продажба пред да стапи на сила владината одлука, а веднаш потоа го повлекле. Јапонските власти тврдат дека храната која е од областите кои не се зафатени од радијацијата, е потполно безбедна за конзумирање.

Извор: Нетпрес

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi