Социјалните мрежи, и Facebook како една од нив станаа место каде луѓето го изразуваат својот револт и незадоволство. Но, некогаш може треба да се води сметка, за она што се пишува да не навреди некого. Во овој случај нигериецот Моуктар Ибрахим Амину, политичар, својот револт го покажал тука и токму заради тоа бил уапсен. Тој незадоволството од владеачката партија го објавил токму тука. На својот профил тој објавил: “Алах нека ги казни Суле Ламидо и неговите бескорисни пријатели”. На ова нормално изреагирала владеачката партија, при што Ибрахим бил уапсен, за навреда и покрај бројните закони за заштита на слобода на говорот.