Свештеник на храмот во Патрас, Пелопонез, пред причест со микрофон во рака ги информирал постарите верници кои имаат стоматолошки протези дека нема да можат да се причестат, пренела денес, верската информативна агенција (ВИА).
Во храмот настанало врева и јавно протестирање од страна на верниците, на што свештеникот видно го кренал тонот, и не ја променил својата одлуката, пренесува (ВИА).
Исто така големо внимание во грчките медиуми привлекло свештено лице од Патрас кое побарало мажите и жените одвоено да направат причест. Прво ги причестил мажите, а на жените им рекол да бидат трпеливи.
Не помогнал и повикот на тоа дека Христос рекол дека при причест нема разлики помеѓу мажите и жените, пренесува (ВИА).