Сите вие кои мислите дека папагалите само го повторуваат она што вие го зборувате – епа сте се излажале. Дека тоа не е точно, докажал еден папагал од Холаднија кој бил украден од приватен парк заедно со уште 70 птици.
Информиран од страна од некој пријател, дека неговите миленичиња биле забележани на некој пазар, сопственикот на украдените птици заминал да ја провери информацијата на лице место.
Веднаш штом го видел папагалот својот газда почнал да го изговара неговото име, па така му го свртел вниманието на сопственикот и приказната завршила среќно.
Полицијата подоцна ги уапсила крадците, благодарение на паметниот папагал.