
Еден бразилец дал негативен одговор пред олтарот на својата девојка, па сега ќе мора да си плати.
Според пресудата на државниот судија во Рио де Жанеиро, Марчело де Азеведо Фернандез ќе мора да плати казна за „морално и материјално“ вознемирување на Кристијана Коста де Андраре.
Парот требал да се венча во 2007 година, но младоженецот во последен момент ја откажал венчавката. Судот во образложението навел дека тој предизвикал кај девојката „страдање, болка, понижување, кои неможат да се игнорираат“.
Марчело ќе мора да плати 6500 долари за да и помогне на „несудената“ сопруга да ги подмири трошоците за организација на венчавката и за поминатите сеанси кај психолози по овој немил настан кој и го предизвикал на девојката.