Руската армија го претставила долго очекуваниот “невидлив” авион, од петтата генерација борбени авиони “Сухој Т -50”, кој е направен во соработка со Индија. Со овој авион Индија полека ќе застане рамо до рамо со другите воени сили.
Презентацијата на “невидливиот” авион се одржала на отворањето на меѓународниот воздухопловен саем, што се одржал во едно предградие на Москва.
Авионот бил тестиран на почетокот на март минатата година, но се очекува да влезе во употреба кон крајот на 2016 година.
Во развојот на новиот “Сухој” Русија имала инвестирано околу 10 милијарди долари, а цената на еден авион би требало да изнесува 140 милиони долари.
Индија веќе изразила интерес за овој моќен авион, додека Русија на својата војска ќе и додели најмалку 150 авиони.