Од кал да е, кодош бугарин да е!!! И поповите кодоши во Бугарија

popara5 јули, 20111min00
naslovna

Бугарската комисија за досиеа, која настојува да утврди кои биле соработници на Државната безбедност за време на комунистичкиот режим, соопштила дека меѓу соработниците биле и деканите на богословски факултети, пренесува Верската информативна агенција.

Помеѓу соработниците на бугарската Државна безбедност бил и поранешниот декан на Богословскиот факултет на Софискиот универзитет и Иван Желев Димитров и поранешниот декан на Богоскловскиот факултет во Велико Трново Казимир Попконстантинов.

Димитров, кој бил и директор на дирекцијата за религија, порано највисокиот државен орган за вера, соработувал со Државната безбедност од 1973 година под псевдонимот “Ангелов“, додека историчарот Попконстантинов од 1986 година под псевдонимот “Методија“, кој бил соработник на шестиот оддел на Државната безбедност.

Додека младите теолози ја поздравиле “лустрацијата во црквата“, постарите сметаат дека тоа “не е важно“, а особено е земен во заштита професорот Димитров кој “ужива во општа меѓународна репутација“, наведува Верската информативна агенција.

Митрополитот Сливен Неделчев, кој раководи со официјалниот информативен сајт на Бугарската Патријаршија, жестоко реагираше дека на сајтот на црквата главната уредничка Десислава Панајатов ги објавила тие податоци без негова дозвола и побарал од Синодот таа да биде строго казнета.

“Вие сте многу млада и не сте ги преживеале оние страшни времиња кога отровните пипци на државната безбедност се протнаа низ сите структури на државата, исто така и во црквата. Многумина неможеа да го издржат тој притисок, не соработуваа тие лица доброволно, туку под присила, за да не им се случи поголема трагедија“, изјавил Неделчев.

Тој додал дека поранешните декани, обвинети за соработка со Државната безбедност се “достојни за почит меѓу православните христијани“ и дека пред никој немаат “грешено“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag