И вас може да ве киднапираат вонземјани

30 октомври, 20110
0106007.48

Американските истражувачи од Калифорнискиот универзитет (UCLA), уште од 2007 година спроведуваат експерименти поврзани со феноменот киднапирање од вонземјани.

Првиот чекор беше да се истражат жртвите на наводните киднапирања и да се воочи дали можеби нивните средби со вонземјаните се производ на човечкиот ум.

Во изминатите неколку години спроведоа истражувања на илјадници луѓе во пет американски држави, а притоа се обидоа да најдат врски помеѓу искуствата на жртвите кои ги преживеале вонземјанските киднапирања.

Голем број луѓе своите средби со вонземјаните ги доживеале така што лебделе над своето тело и ги гледале експериментите кои киднаперите ги правеле на нив.

Но, научниците сметаат дека имаат доволно докази да заклучат дека вонземјанско искуство може да има било кој, и дека тоа може да биде намерно предизивикано, а во некои случаи поединците може да изгледаат како окото на нивното тело да се самите вонземјани.

За да ја докажат својата теорија, на 7 октомври, спроведоа експеримент во кој од 20 доброволци бараа точно да се придржуваат до нивните упатства за будењата во сред ноќ и рано наутро. Во период од неколку дена, повеќе од половина испитаници искусиле барем едно надтелесно искуство, а дури седуммина од нив изјавиле дека виделе НЛО или вонземјани.

Научниците така успеале да предизвикаат „киднапирања” и мислат дека се ближат до разоткривање на овој феномен. Сепак, засега знаат само дека можат да предизвикаат искуство кое наликува на киднапирање, но не можат да ја отфрлат можноста на постоење на автентични искуства на вонземјанско киднапирање

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *