И за ова нема освета? Иранката простува! Дали Вие би му простиле?

popara1 август, 20111min00
ameneh

Иранката Амина Бахрами, која пред седум години била осакатена со фрлање киселина по нејзиното лице, во последен момент одлучила да го повлече барањето до државата за примена на истото дело према починителот, објавила локалната државна телевизија.

Г-ѓа Бахрами во 2004 година ја одбила понудата за брак од сонародникот Маџида Мовехеди и поради тоа тој и фрлил киселина во лицето. Четири години подоцна, иранскиот суд го поддржал барањето на Бахрами да се примени постапката “кисас” (“одмазда”), со иста мера да му се врати на починителот на делото.

Бахрами својата постапка за повлекување на барањето за одмазда го појаснила со зборовите: “Ова го правам за мојата земја, бидејќи сите други земји ќе го гледаат она што ние го правиме.” Таа навела дека во суштина никогаш не сакала да се изврши одмаздата, но тоа не го кажала веднаш, бидејќи сакала виновникот неколку години да живее во неизвесност и да сфати како е чувството кога некој треба да ти фрли киселина во лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma