
Лори Дејвид (38), опишана како домаќинка од Тексас, која била обвинета за испраќање голи фотографии на школскиот другар на нејзиниот 16 годишен син во ноември 2010 година, го признала делото за кое била обвинета.
Пред да му ги испрати фотографиите, односно едната каде таа е топлес, а другатакаде таа потполно гола лежи во кревет, мајката и малолетникот комуницирале преку Фејсбук, а провокативните фотографии ги пронашле родителите на малолетникот.
Лори не доби затворска казна, туку наместо тоа осудена била на 5 години условно, забрана за користење интернет, освен во деловни цели и плус забрана има за праќање СМС пораки освен на челновите на нејзината фамилија.
Исто така, забрана има и за присуство на деца во нејзиниот дом, освен ако не се во сродство, забрането и е да го посетува синот во училиште, единствено ќе може да го посети за неговото дипломирање.
Лори ќе биде заведена и како сексуален престапник во следните 15 години, а доколку прекрши било која од овие казни ќе добие затворска казна.
