Лаги со кои жените ги заведуваат мажите

16 ноември, 20110
lagi za zenite

Секоја жена знае да каже по некоја лага кога се запознава со „потенцијален“ партнер. Но, откако ќе започнат врска, мажите ја откриваат лагата и најчесто врските пропаѓаат. Кои се најчестите лаги кои жените ги користат за да ги привлечат мажите???

Тоа е само мојот бивши дечко: Кога ви ѕвони телефонот, се преправате дека зборувате со вашиот поранешен дечко, иако на другата страна на линијата е ваша другарка. Тоа го правите за да му покажете дека и други мажи се заинтересирани за вас.

Сакам кога имам време за себе: Тоа го кажувате затоа што не сакате да си помисли дека ќе го терате да се гледате секој ден и дека ќе му испраќате пораки на половина час. Се обидувате да му покажете дека имате свој живот кој ќе продолжи и понатаму.

Имам толпа машки пријатели: Сакате тој да знае дека го разбирате, па затоа преувеличувате деа имате многу машки пријатели, иако во реалноста имате само неколку. Сакате да го импресионирате, па му кажувате некои интересни анегдоти кои ќе му докажат дека ги разбирате мажите.

Ми одговара опуштена врска: Се обидувате да му покажете дека ви одговара опуштена врска затоа што мислите дека така ќе го импресионирате. Затоа, не му се лутите дури и кога треба да му се лутите, на пример ако ве извиси на состанок.

Глумите заинтересираност: Глумите дека сте заинтересирани за филмови, спорт или Star Wars затоа што сакате тој да мисли дека имате заеднички интереси. Но најчесто на жените им здосадува да глумат, па врската базирана на овие „заеднички интереси“ се распаѓа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi