Идиотизам во изборот за Нобеловец! Го прогласиле за Нобел награда, а незнаеле дека умрел пред 3 дена! Се има!

4 октомври, 20110
2011

Bruce Beutler (54), Jules Hoffmann (70) и Ralph Steinman, ја делат овогодишната Нобелова награда за медицина и физиологија.

Но, доделувањето на Нобел наградите за оваа година ќе биде запамтено по тоа што еден од овие тројца научници, Ralph Steinman, починал на 30 септември, поточно три дена пред доделување на наградите.

Известувањата за смртта на Ralph Steinman прв пат биле објавени од страна на неговите колеги од Универзитетот Рокфлелер во Њујорк, кратко време по прогласувањето на наградите.

Ralph Steinman

Научникот починал од рак на панкреасот кој му бил дијагностициран пред четри години. Интересно е тоа што Нобеловата награда никогаш не се доделува постхумно, освен ако добитникот починал по прогласувањето.

Член од Нобеловиот комитет за медицина, Горан Хансон, изјавил дека одборот во моментот кога го избрале за добитник Ралф С. Незнаеле дека тој починал. Хансон додал дека само еден час по прогласувањето се обидел да стапи во контакт со добитниците на награди, меѓутоа не успеал во тоа. Сепак, Нобеловиот одбор по неколку часа расправа, одлучил дека канадскиот научник може да ја задржи наградата. Изјавиле дека правилото гласи дека ниту едно дело на научниците нема да биде земено во предвид по неговата смрт, но тие не знаеле дека Ралф С. Во меѓувреме починал и сметаат дека со своја работа заслужил Нобелова награда.

Канадскиот научник требал со другите два научници да ја подели и наградата од 1,5 милиони долари.

Bruce Beutler

Bruce Beutler и Jules Hoffmann наградени се за откритија поврзани со активирање на вродениот имунитет, а Ralph Steinman награден е за откривање на дендритичните клетки и нивната улога во стекнат имунитет.

За потсетување, минатата година добитник на престижната награда беше Robert Edwards, од Универзитетот во Кембриџ во Велика Британија, а награден беше за помош во лечењето за човековата неполодност и развојот на ин витро оплодувањето.

Jules Hoffmann

Оваа година научниците го револуционизираа нашето разбирање за имунолошкиот состав на човекот, откривајќи начин на кој тој се активира, образложил советот за доделување на престижните награди.

Beutler и Hoffmann ги откриле протеинските рецептори кои можат да препознаат микроорганизми и да го активираат вродениот имунитет. Додека Steinman, ги открил дендритичните имунолошки клетки и регулирање на стекнатиот имунитет.

Откритијата на тројцата научници и нобеловци, прикажале како се доаѓа до фазите и одговорите на вродениот и стекнатиот имунитет, а со тоа овозможиле увид во функционирањето на многу болести. Нивната работа отворила многу нови видици за развој на превенција и лечење на инфекции, рак и воспалителни болести.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi