Во следните 4 години мобилните оператори ќе мораат да поддржат 30 пати зголемен промет на своите мрежи од сегашниот. Како ќе го остварат тоа сеуште е голем предизвик затоа што фреквенцискиот спектар е се помал. Новите технологии ќе го зголемат опсегот на фрквенцискиот спектар само за еден или два фактора, смета др. Тод Сизер научник од компанијата Alcatel-Lucent, а тоа ни од далеку не е доволно. Др, Сизер одговорот на ова прашање го извади буквално од џебот, новата базна станица во облик на коцка која компанијата ќе ја исфрли на пазарот до крајот на годинава. Тој објасни дека со истражување дошле до сознанија како да ја смалат базната станица на една десетина од нејзината сегашна големина со технологијата наречена “lightRadio”. Со смалувањето на базните станици, кои сега се обично на највисоките згради во градот, тие ќе бидат во можност да додадат стотици нови базни станици во безжичната зона и со тоа да го зголемат капацитетот на безжичаната мрежа.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=I7QnGkKlwBw