Кинетичка скулптура од Сан Франциско изработена од 100.000 чепкалки за заби

12 ноември, 20110
4

Извонредната скулптура наречена  ‘Rolling Through the Bay’ претставува спој од маала, историски локации и исконски симболи кои го отсликуваат Сан Франциско, но она што ја прави толку неверојатна и несекојдневна  е самиот факт дека таа е изработена од  100000 чепкалки за заби, малку лепак и голема количина на генијалност. Авторот на скулптурата Скот Вивер потрошил дури 35 години за изработка на истата. Иако работел само во неговото слободно време, тој со голема прецизност ја завршил работата.

Во едно негово интервју тој изјавува дека во светот постојат скулптури од чепкалки за заби кои се дури и поголеми од оваа но ниту една не ја поседува уникатната кинетичка композиција која тој ја создал. Иако не го држи рекордот за најголема скулптура од овој виде, сепак се издвојува по тоа што самата скулптура е обвиена од неверојатно голем број на  затскриени патеки во форма на “roller coaster “. Уште поневеројатно е дека секоја патека претставува “тура” до различен дел од градот.

На прашање, од каде толку чепкалки за заби, тој вели:

„Употребував различни брендови на чепкалки за заби зависно од објектот кој во моментот го градев. Сите мои пријатели како и  фамилијата, при секое свое патување, ми носеа чепкалки за заби. Отука, на пример дел од дрвата во Golden Gate Park-от се изработени со чепкалки за заби од Кенија, Мароко, Шпранија, Германија и Италија. Интересно е и дека срцето на скулптурата е изработено од чепкалки за заби кои гостите ѓи фрлаа на нашата свадба.„

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi