Игор Гацов нов тренер на МЗТ Скопје

popara6 април, 20111min00
11

Кошаркарите на МЗТ Скопје добија нов шеф на стручниот штаб. На местото на Предраг Јачимовиќ доаѓа Игор Гацов, по одлуката на раководството на “металците“ на вечерашниот состанок во “Јане Сандански“.

Инаку, Игор Гацов како играч има настапувано во повеќе наши клубови, а зад себе има и интернационална кариера, има настапувано во неколку нордиски земји како Норвешка и Шведска, а има и работено како прв тренер во екипата на АМАК-СП и во Работнички минатата година.

Со ваквата одлука управата на МЗТ Скопје како да ја призна направената грешка со ангажманот на Предраг Јачимовиќ, кој откако на почетокот на месец март го заседна кормилото на “металците” оствари серија слаби игри и два порази по ред од лутиот ривал Работнички. Од друга страна, Гацов ќе има задача да го предводи МЗТ Скопје во завршницата од Супер-лигата, како и во плејофот, каде „металците“ за противник ќе го имаат токму Работнички.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma