Имало тајни состаноци помеѓу Тони Блер и Моамер Гадафи

19 септември, 20110
26blair_large

Поранешниот британски премиер Тони Блер пред неколку години тајно се сретнал со Моамер Гадафи. Тие се гледале уште пред да биде ослободен од британскиот затвор бомбашот од Локерби, Абделбасет ал Меграхи.

Ова го тврди Сандеј Телеграф, повикувајќи се на писма и мејлови кои неодамна биле откриени во Триполи. Да потсетиме дека Меграхи бил осуден за убиство на 270 лица во бомбашки напад на авион кој летал над шкотскиот град Локерби во 1988 година, а најновите документи го отвараат прашањето дали Блер имал водечка улога во неговото ослободување, пишува Курир.рс.

Новите податоци покажуваат дека Блер двапати патувал за Либија на сметка на Гадафи, во јуни 2008 година, и во април 2009 година, кога Либија се заканила дека ќе ги прекине сите деловни врски со Велика Британија, ако Меграхи не биде ослободен од затвор. Тој бил ослободен во август 2009 година.

Блер, кој на чело на британската влада бил од 1997 година па се до 2007 година, во Либија летал со приватен авион на Гадафи, а на еден состанок со себе понел и американски милијардер, од кој Гадафи, наводно, барал помош за изградба на летно одморалиште на либискиот брег.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi