Индијанци со стрели мавале по истражувачи!

22 октомври, 20110
pleminja

Перуанското министерство за животна средина објавило снимка која пред неколку месеци ја направиле за време на едно истражување по реката Ману југоисточно во земјата.

Снимката прикажува непријатна средба на тимот истражувачи со едно племе индијанци, кои не беа многу среќни што непознати луѓе ги снимаат. Нетрпеливоста јасно ја демонстрираа кога употребија и лак и стрела, за да ги избркаат непоканетите гости.

Од министерството соопштиле дека во последните неколку месеци забележале повеќе средби со припадниците на племето Mascho-Piro, во националниот парк Ману, но апелирале да се избегнуваат блиските средби со изолираните племиња, поради безбедност на двете страни.

Како што се наведува, последните неколку години голем притисок на овие племиња прават компаниите за нафта и дрво, во областа на западна Амазонија, поради потрагата за наоѓалишта на гас и црното злато.

„Политиката на оваа влада е трајна заштита на домородните народи, како и грижа за нивните социјални и територијални потреби, здравствена заштита и образование“, изјавил РОџер Румил, советник во министерството.

Тој истакнал дека минатата влада ги негирала постоењата на изолираните племиња и тврдела дека тоа се измислици на активистите за животна средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi