Инспекција на атомските централи во Кина

15 јуни, 20110
nuclear-power-537x358
Кинеските нуклеарни власти им дале преодна оценка на сите атомски централи во земјата во текот на инспекција која била наложена по несреќата во јапонската нуклеарка Фукушима, пишува “Бета“, пренесува НетПрес.
Заменик министерот за животна средина Ли Ганџи рекол дека бил направен преглед во сите 13 постоечки реактори кои се во многу слична позиција како оние кои се наоѓаат во Европа и САД.
“Инспекцијата на 28 реактори кои се во изградба треба да бидат завршени до октомври“, изјавил Ли.
Кина има намера да има повеќе од сто атомски електрани во погон до 2020 година, но престанала да дава дозвола за изградба на нови централи додека не се заврши државниот план за нуклеарна безбедност.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi