Карминот има долга и интересна историја. Првиот кармин се верува дека бил измислен во стар Египет пред повеќе од 4000 години. Најпрво се користел само во темни бои.
Во средниот век, црквата го осудила користењето на карминот. Па така се верувало дека жените кои користат кармин се вештерки и дека ќе одат во пеколот.
Ренесансата е време кога карминот бил користен од страна на жените но и мажите. Судиите обично за време на судењето имале кармин.
Денешниот кармин датира од 1903 година, и жените биле воодушевени од овој пронајдок.
Во 1920-та година карминот почнал масивно да се употребува благодарение на Џоан Крафорд и Грета Гарбо.
Француските истражувачи откриле дека мажот во текот на животот јаде во просек по 6 кг кармин од туѓи усни.
Повеќето кармини во својот состав како компонента ги имаат рибините крлушки.