Интервју со лудиот норвежанец што го запали светот за два часа! Сам си постави и сам си ги одговорил прашањата! Луд до крај!

popara25 јули, 20111min00
intervju-ab

Убијците не секогаш се добри соработници за време на сослушувањата. Дури и најумопомрачените убијци остануваат мистериозни пред лицето на иследниците, Но, што ако сами си ги поставувате и одговарате прашањата?

По двојниот напад во петокот во Осло, се појави и манифестот на монструмот Андрес Бехринг Бреивик, каде прецизно го направил својот план скоро десет години.

Како дел од овој дневник или манифест, тој сам се интервјуира себе. Ова е скратена верзија од интервјуто на Бреивик од норвешкиот весник Bergens Tidende.

 

Кои работи ве предизвикаа да почнете да го планирате овој напад?

За мене лично тоа беше одлуката на нашата влада да учествува со НАТО во нападите на Србија, т.е. бомбардирањето на Србија во 1999 година. Тоа беше целосно неприфатливо и начинот на кој САД и ЕУ решија да ги бомбардираат нашите српски браќа. Постојат и многу други случаи кои ја зајакнуваат мојата одлука. Меѓу нив, е и одлуката за доделување на Нобелова награда за мир на исламски терорист, Арафат. Илјадници муслимани секоја година бараат азил во нашата земја, во институциите или пак во семејните врски во Норвешка.

 

Што би им кажал на твоите Европски браќа и сестри?

Знаете дека не сте сами во оваа борба. Имаме десетици милиони европски симпатизери и десетици илјади браќа и сестри кои целосно не поддржуваат. Се надевам дека ќе можам да ви помогнам и да ве инспирирам. Изградете ваша мрежа на facebook, следете ги насоките од книгата и ќе успеете.

 

Именувај една жива личност која би сакал да ја запознаеш?

Папата или Владимир Путин. Путин изгледа како фер и решителен лидер достоен за почит. Не сум сигурен дали тој во моментов има потенцијал да биде наш најдобар пријател или наш најголем непријател. Многу е тешко него да го психоанализирате. Не би сакал да бидам негов непријател, во тоа сум сигурен. Очигледно, тој ќе мора да го осуди овој напад. Тоа е разбирливо.

 

Ако треба да употребиш само еден збор за идеологија или движење кои ти ги претставуваш, кој би бил тој збор?

Културен конзерватизам, или националистичка конзервативна ориентација. А како политичко движење би го опишал како национален отпор движење.

 

Дали сте оптимист?

Јас сум голем оптимист. Културниот марксизам, мултикултурализмот, особено во комбинација со исламот ќе се порази самиот. Ваквите сојузи нема да траат. Кога прозорецот на можности се отвара, мораме да бидеме подготвени за да се искористи политичката и воената контрола на сите средства. Мораме да преземеме ризик за да ја вратиме нашата слобода и безбедност за нашите роднини, повторно. Јас лично себе си се подговував ментално долго време и би сакал да го жртвувам мојот живот за доброто на моите европски браќа и сестри.

 

Рековте дека имате чиста генеалогија?

Многу сум горд на моето викингшко потекло и наследство. Моето име Бреивик, е име на место од северна Норвешка, кое датира од викиншката ера. Бехринг пак е пред христијанско германско име, кое потекнува од Бехр, кое значи мечка или (оние кои се заштитени од мечката).

 

Претпоставуваме дека си сакал да им кажеш на твоите пријатели за твојот план? Тешко ли беше да се живее “двоен живот“?

Прво исклучително тешко беше да се избегнува искушението да се каже ова на моите блиски пријатели. Решив сепак сите релевантни информации да ги задржам за себе. Откривањето на чуствителни информации не било кој ќе ги ставеше и нив во тешка позиција, а сигурно некои ќе сакаа да ја споделат таа информација со властите. Исто така тоа ќе претставуваше сериозна закана за мене.

 

Што те мотивираше? Како успеа да останеш фокусиран и мотивиран повеќе од осум години? Дали тоа е горчината и омразата против таканареченото “културен марксизам/мултикултуризмот“ или пак можеби кон исламот?

Не, не воопшто. Ако тие културни марксисти против сите шанси, се откажаа од мултикултуризмот утре, ако престанеше муслиманската имиграција и почнеше депортација на сите муслимани, би им простил за нивното минато злосторство. Ако тие одбиваа да се предадат до 2020 година, немаше да има враќање назад. На крајот веројатно ќе ги збришевме сите до еден. Не ги мразам муслиманите воопшто. Признавам дека постојат прекрасни муслимани поединци во Европа. Всушност и имав неколку муслимани пријатели во текот на годините, кои се уште ги почитувам. Но тоа не значи дека јас ќе го прифатам муслиманското присуство во Европа. Муслиманите кои нема да бидат асимилирани 100% до 2020 година, ќе бидат депортирани, веднаш штом ќе успееме да ја вратиме моќта. Иако, признавам дека ми е смачено од сегашните развојни ситуации, би рекол дека јас сум управуван од мојата љубов кон Европа, европската култура и европејците. Тоа не значи дека јас сум против разновидноста. Но, вреднувањето на разновидноста, не значи дека треба да се поддржи геноцидот на својот народ и култура.

 

Како првично се вклучи во тековните активности?

Кога имав околу 16 – 17 години, се приклучив кон младиснките организации на прогресивната партија Progressive Party’s youth organization (FPU), која беше против имиграцијата и про-слободниот пазар. Секој новинар во земјата сметаше дека сме членови на расистичка партија, поради нашата анти имиграциона платформа. Нашата партија беше постојано под напад на секаков тип на медиуми, од невладини организации, а генерално бевме етикетирани како “фашистички свињи“. Оваа партија ми одговараше, бидејќи ја бев видел хипокризијата во општеството и знаев дури од тогаш дека тоа е единствената партија која ќе се спротистави на мултикултурализмот.

Околу 2000 година, сфатив дека демократската борба против исламизацијата на Европа и европската мултикултурност е изгубена. Едноставно не е возможно да се натпреварувате со демократиските режими кои носат милиони гласачи. Сега ќе бидат потребни 50 до 70 години, кога ние европјаните ќе станеме малцинство. Па така решив да истражувам нови алтернативни форми на опозиција. Но најголем проблем тогаш беше што за мене немаше опции воопшто. Немаше познато вооружено културно конзервативно движење, или христијанско или анти Џихад движење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag