Иран ќе ја нападне Америка!! Ахмадинеџад почна да се дрогира пречесто?!:)

28 септември, 20110
Mahmoud-Ahmadinejad

Долгогодишните тензиите помеѓу САД и Иран би можеле да достигнат нова кулминација, откако адмиралот на иранската морнарица Хабиболах Сајари се заканил дека ќе испрати воени бродови во близина на американскиот брег, пренесува Ројтерс.
Како што арогантните сили се распоредени во близина на нашите морски граници, така и ние ќе бидеме присутни во близина на американските поморски граници – изјавил адмиралот Сајари на церемонијата по повод 31-годишнината од почетокот на Иранско-ирачката војна.

Иако Сајари не навлегувал во детали кога би се случило то, и обемот на акцијата, неговата изјава била протумачена како закана врз САД, со која Иран долго време има заладени односи. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад е познат по своите анти-семитски изјави и вербални напади врз Израел и  САД, земји кои го критикуваат Иран поради зголеменото инвестирање во нуклеарното оружје. Иран во последно време ги заострил односите и со Турција со која имал коректни релации, а се поради најавата дека ќе му дозволат на НАТО да изгради радарски систем за откривање на проектили кои доаѓаат надвор од Европа.

Иран на почетокот на оваа година по падот на египетскиот претседател Хосни Мубарак испратила воени бродови на Суецкиот канал, преку кој немале поминато цели 30 години. Овој потег на Иран наиде на оштри критики од светските сили, особено од Израел, според тоа, оваа изјава на Сајари се очекува да биде остро критикувана од страна на меѓународната заедница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi